• Зоран Мишевски

Во првиот натпревар од осмото коло од Шпаркасе Лајф Првата женска лига, кошаркарките на Пробаскет, со одлично одиграна последна четвртина, излегоа како победници против Бадел 1862 (75-76).
На почетокот на последниот дел, Пробаскет се доближи на минус од шест поени (55-61). На 2:06 минути пред крајот, гостинската екипа со поените на Јовановиќ, премина во водство (71-70). Бадел 1862 најде одговор, преку мини-серија од 5-0 на Чолакоска и Клири, за враќање на водството на страната на домашната екипа. Но и тука не беше крајот, затоа што прво Стоева и Томас, „собраа“ три поени во еден напад (74-75), а потоа Спасова донесе нова промена на резултатот. (75-76). Во оние 16.секунди кои останаа, прво згреши Николов, а по досудената „мртва топка“, домаќинките останаа без шут кон кошот на прротивникот, што означи и минимална победа за екипата од Кавадарци.
Томас имаше „дабл-дабл“ ефект со 19 поени и 16 скока, Јовановиќ финишираше со 17 поени, пет асистенции, но имаше и десет загубени топки, додека Спасова којаа ги даде последните два поени, заврши со 12 ппени.
Одличен натпревар за Бадел 1862 одигра Чолакоска, која дојде до 26 поени (10/15 во обидите за два поени), дополнети со четири скока и четири асистенции. „Дабл-дабл“ ефект релизираше Клири, која освен 17 поени, запиша и 14 скока.
По осум одиграни кола, двете екипи сега се на половичне ефект, имаат по четири победи и исто толку порази.