Пробаскет го доби дербито на теренот на МЗТ Бела вода

Во најдраматичниот натпревар од второто пролетно коло на женскиот кошаркарски шампионат на Македонија, Пробаскет го совлада тимот на МЗТ Бела вода со 72-75. Пробаскет стигна до победата буквално во последните моменти од гостувањето во Аеродром. Иако постојано водеа, во еден период од играта и со 13 поени, кошаркарките на МЗТ Бела вода се избори за пенал-завршница, во која кавадарчанки сепак го одбранија позитивниот резултат и дојдоа до успех на ова гостување.

Томас заврши со 22 поени, Јовановиќ имаше 17, а Стоева додаде 15 поени за Пробаскет. Кај МЗТ Бела вода, Корли дојде до двоен ефект од 22 поени и 10 скока, „Дабл-дабл“ реализираше и Херд, изразен со 20 поени и 14 скока, додека Милосављевиќ дојде до 12 поени.

„Шпаркасе лајф“ Прва лига (ж):
11. коло

МЗТ Бела вода – Пробаскет 72-75
Бадел 1862 – Патриот 2016 106-46
Спорт тим – Баскет Кам 57-92

Својот натпревар од ова 11. коло, екипите на Вардар и на Крива Паланка ќе го одиграат на 4 февруари.