Приведени лицата кои го каменуваа автобусот на „Чкембари“

Министерството за Внатрешни работи (МВР) објави во дневниот билтен дека има приведени по нападот на автобусот во кој се превезуваа навивачите на Пелистер, „Чкембарите“.

На излезот од Скопје било каменувано превозното средство, по натпреварот од финалната серија во мак-баскетот меѓу МЗТ Скопје и Пелистер. Имаше и повредени во тој инцидент, објавија од клубот. Од МВР објавија соопштение.

„На 18.05.2024 во 22.40 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода А.М.(35), Љ.П.(35), двајцата од Скопје, Н.А.(21) од Илинден, скопско и В.С.(18) од Петровец, скопско, затоа што каменувале автобус во движење, при што ги оштетиле прозорците. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.“, стои во известувањето од МВР.

Од Пелистер го осудија овој потег и порачаа дека вакво нешто не доживеал никој кога гостувал на натпреварите во Битола.