Пристигна потврда: Џими Батлер ќе го пропушти остатокот од НБА сезоната

Голден Стејт Вориорс славеше над Мајами Хит со убедливи 135-112, но победата не беше „бесплатна“.

Имено, на почетокот на третата четвртина, Џими Батлер, втората најголема ѕвезда на Вориорси, остана да лежи на подот и да се држи за коленото. Иако Батлер се шегуваше додека го напушташе теренот, според Стив Кер, магнетната резонанца покажа дека кошаркарот сериозно го повреди коленото.

Според „Атлетик“, Батлер ги скинал предните вкрстени лигаменти и ќе биде надвор од паркетот до крајот на сезоната. Ова ќе ги остави Вориорси без важна алка во настапите во плеј-офот. Голден Стејт моментално е на  осмото место во Западната конференција, што го боди во плеј-инот.