Приморска пред банкрот, се отвори ли место за МЗТ лигата во АБА?

Сите натпреварувања под капата на АБА беа прекинати и одлука околу крајот на сезоната беше донесен на „зелената маса“.

МЗТ Скопје беше меѓу оние кои најмногу загубија, бидејќи требаше да играат плеј-оф, но таа шанса ја загубија, па Борац и Сплит се пласираа во АБА лигата. 

Сепак, голем пресврт по кој аеродромци би биле најголем победник најавува босанскиот портал „sportsport.ba“. Тие напишаа дека според нив веродостоен извор, екипата на Приморска е во финансиски проблеми и е пред банкрот, што би значело дека ќе мора да отстапи од првата АБА лига. 

МЗТ Скопје како третопласирана екипа во вториот ранг, при такво сценарио е фаворит да добие покана за учество во елитното друштво на Јадранот. Клубот од СЦ „Јане Сандански“ долго беше претендент и за највисок пласман, но одигра лоша завршница и падна на третото место, па извиси за место при проширувањето на АБА лигата.