• Горан Упале
Рич Пол, кој е застапник на многу кошаркари и други спортисти во Соединетите Американски Држави, сè уште е најпознат како агент и голем пријател на Леброн Џејмс. Тој со својот последен договор се приближи до сумата од една милијарда долари што ја обезбеди од неговите клиенти преку нови договори само ова лето.
Тој договор е четиригодишно продолжување на соработката на Џеред Вандербилт со Лос Анџелес Лејкерс, која „тежи“ 48 милиони долари. Кога таа бројка ќе се додаде на другите договори кои ги потпиша летово, станува збор за речиси 900 милиони долари, објавија медиумите од Соединетите Американски Држави.
"Agent Rich Paul, he's done nearly $900M in player salary negotiations this offseason."
NBA Insider @ShamsCharania on Jarred Vanderbilt's new extension. pic.twitter.com/9MYtMfREui
— Stadium (@Stadium) September 15, 2023
Суперагентот Пол собра повеќе од 600 милиони долари за своите клиенти само од НБА летово. Ентони Дејвис продолжи со Лејкерси на уште три години за 186 милиони, Џерами Грант со Портланд на пет години за 160 милиони, а Дрејмонд Грин со Голден Стејт на четири години за 100 милиони. Фред ВанВлит се пресели од Торонто во Хјустон за тригодишен договор вреден 130 милиони долари.