• Зоран Мишевски

Турскиот претседателот, Реџеп Таип Ердоган лично инсистирал американскиот бек на европскиот вицешампион, Шејн Ларкин да добие турско државјанство и да настапува за турската репрезентација.
Ларкин е најдобриот американски бек кој настапува во Европа, веќе втора година блеска во Европа и турската Суперлига, а неодамна постави рекорд од 49 поени во Евролигата. Неговите феноменални игри не минаа незабележано и од Ердоган и сега нацијата инсистира Ларкин да го заземе местото на Диксон во националниот тим.
„Не знам дали Ларкин е турски државјанин., но знам дека сакаме еден успешен играч како што е тој, да го имаме во репрезентацијата. Ларкин може да ни донесе добри резултати“, изјави Ердоган.
Турција не ја мина групната фаза на Светското првенство и ќе мора да игра Олимписки квалификации за да се најде на олимпискиот турнир во Токио.