• Саше Љолес
Познатиот кошаркарски новинар, Марко Љубомировиќ, на својот профил на социјалните мрежи ја пренесува информацијата дека Никола Јокиќ донел конечна одлука и ќе настапи за српската репрезентација на претстојните Олимписки игри во Париз!
МВП-играчот на НБА лигата решил да заигра за „Орлите“ во „градот на светлината“ и ќе биде една од најголемите ѕвезди на кошаркарскиот турнир, а ова секако дека ги радува сите навивачи кај нашиот северен сосед.
Јокиќ штотоку ја заврши сезоната и не успеа да се пласира во финалето од западната конференција по поразот од Минесота со 4-3, по што решил да му се стави на располагање на селекторот Светислав Пешиќ. Официјалната потврда се очекува во текот на оваа недела, а собирот на српските кошаркари треба да започне на 15 јуни.
Со Јокиќ во тимот, Србија сигурно добива уште повеќе на квалитет и се очекува да се бори за едно од најсјаните одличја во Париз. „Орлите“ имаат тешка група во која ќе се соочат со Соединетите Американски Држави, Јужен Судан и победникот од квалификацискиот турнир во Порторико, каде најголеми фаворити се репрезентациите на Италија и Литванија.