ФОТО: Премиерот Заев навива за кошаркарките против Италија

По неколкугодишен пост, македонските кошаркарки пак се натпреваруваат во квалификациите за големите светски приредби. Денес во Скопје, девојките предводени од селекторот Марјан Лазовски имаат сериозен предизвик во италијанската репрезентација.

Поддршка на „црвено-жолтите“ стигнува и од премиерот Зоран Заев, кој од свечерната ложа на СЦ „Јане Сандански“ ги бодри нашите кошаркарки. Покрај Заев, челниците на македонската кошарка, претседателот на МКФ, Петар Наумоски, генералниот секретар Моника Гавриловска и директорот на АМС, Дарко Каевски навиваат за Македонија.

Покрај Македонија и Италија, во квалификационата група се уште Хрватска и Шведска