Прекин во дербито: Црвена Звезда се повлече поради навреди и фрлени предмети (ВИДЕО)

Вториот меч од финалната серија во српското кошаркарско првенство беше прекинат. Причината за тоа беа навреди кон првиот човек на Црвена Звезда. Прекинот беше во тек, а тогаш навивачите на Партизан уште толку пожестоко почнаа да навредуваат. 

Долетаа и предмети на теренот во „Штарк Арената“, па тоа ги натера играчите на Црвена Звезда да се повлечат од теренот. По нив од теренот се повлекоа и судиите. 

До прекин дојде при резултат 57-45 за Партизан во вториот меч, а инаку во серијата „прв до два“ предност има Црвена Звезда.