ВИДЕО: Преглед на игра како никој друг - Дончиќ со вонсериско додавање во Сакраменто

Лука Дончиќ додавање

Лука Дончиќ стана најмладиот кошаркар во историјата на НБА лигата кој остварил „трипл-дабл“ учинок со најмалку 25 поени, 15 скока и 15 асистенции.

На дуелот во Сакраменто, плејмејкерот на Далас одигра една од своите најдобри партии во кариерата и беше најзаслужен за победата на неговиот тим. 

Од рекордните за него 17 асистенции се издвои една, на која без зборови останаа коментаторите. При еден напад, Дончиќ го покажа целиот свој талент и на неверојатен начин го пронајде својот соиграч во спротивниот агол од теренот, за да му овозможи лесен шут за три поени.

Ова е уште еден од ревијата блескави моменти за Дончиќ на американско тло...