• Зоран Мишевски

Американскиот кошаркар на Макаби, Остин Холинс ќе отсуствува до крајот на сезоната поради повреда на коленото, јавуваат израелските медиуми. Холинс во следните неколку дена ќе биде опериран, а потоа американскиот кошаркар ќе отсуствува неколку месеци.
31-годишниот кошаркар оваа сезона веќе имаше проблеми со повреда на коленото. Тој пред неколку дена ја обнови повредата на натпреварот од 21. коло на Евролигата против Олимпијакос (89-95) Холинс сезонава имаше просек од 1,8 поени, 1,3 скока и 0,3 асистенции на 19 натпревари во Евролигата. Тој не игра за Макаби во израелскиот шампионат, бидејќи не беше пријавен за ова натпреварување.
Холинс минатата година пристигна во Макаби од Црвена Звезда, а претходно играше за Зенит, Раста, Гисен, Карха и Денаин. Макаби е на осмото место во поредокот во Евролигата со 11 победи и 10 порази.