Предраг Самарџиски – МВП на колото во АБА-2 лигата

Кошаркарот на МЗТ Скопје, Предраг Самарџиски, е прогласен за МВП на последното коло од лигашкиот дел во регионалната АБА-2 лига.

Центарот имаше одлична партија против Спарс Сараево, па со вкупно 39 индекс-поени се најде на првото место на листата на најдобри играчи.

Самарџиски дуелот против босанскиот тим го заврши со 26 поени (12/20 за два, 2/6 слободни), а исто така зад своето име додаде и 14 скока, 4 асистенции, 3 украдени топки и 3 блокади.

Македонскиот кошаркар на лидерското место беше пред Миличевиќ Иван (33 индекс-поени) и Соколовиќ Александар (32 индекс-поени) од тимот на Зрињски Мостар.