Пред 25 години Давитков, Наумоски, Блажевски, Војновиќ првпат играа за Македонија!

На денешен ден пред 25 години, во мај 1993 година против селекцијата на Естонија во рамките на предквалификациите за европското првенство, македонската кошаркарска репрезентација го одигра првиот официјален натпревар.

Естонците го совладаа нашиот тим со 74-60, а боите на македонскиот национален тим ги бранеа Ѓорге Војновиќ, Ѓорги Књазев, Милан Сотировски, Душан Боцевски, Игор Михајловски, Николче Петрушев, Петар Наумоски, Јорданчо Давитков, Дејан Јовановски, Перо Настев, Перо Блажевски и Милан Медиќ.

Селектор на составот е Александар Књазев, а негов помошник Благој Печалов. Потоа следуваат порази и од Романија и од Хрватска, со што нашиот состав заврши последен во групата.  

Првиот поголем успех нашиот национален состав го оствари во 1999 година пласирајќи се на завршницата на Евробаскетот во Франција, каде завршуваме на 14. место. Во Полска 2009 година македонскиот состав беше деветти, а најдобриот резултат е остварен 2011 во Литванија, кога се пласиравме на четвртото место.