Познато кога се враќаат натпреварите од НБА лигата

НБА лига датум

Руди Гобер беше првиот кошаркар од НБА лигата позитивен на коронавирусот и човекот поради кој беше суспендирана тековната сезона на 12 март.

Долго време се водат разговори околу начинот на кој што треба да се доиграат натпреварите. Постојат различни формати кои се разгледуваат, а во меѓувреме е откриен денот кога треба да започнат возбудувањата, кои најверојатно ќе се случуваат на Флорида.

Акцијата во НБА лигата ќе се врати на 31 јули, но остануваат уште многу часови разговори и напорна работа околу организацијата, која ќе биде голем предизвик за најсилната лига на светот.

Се разгледуваат три опции меѓу кои се започнување директно во плеј-офот, да се играат 70 сезонски натпревари или да се игра во формат како на големите фудбалски турнири, со групна фаза.

Останува да видиме во наредниот период кои ќе бидат конечните одлуки, кои ќе зависат од ситуацијата во Соединетите Американски Држави со ковид-19.