• Иван Димовски
Леброн Џејмс летово направи еден од најголемите трансфери во НБА, а неговиот агент Рич Пол откри дека Филаделфија воопшто не била во плановите сè додека Севентисиксерс не го довеле Џејлен Браун од Бостон.
Пол во поткастот „Game Over with Max Kellerman and Rich Paul“ објасни дека трејдот целосно ја променил ситуацијата и ги отворил разговорите меѓу двете страни.
„Ако ги слушневте нашите разговори ден пред трејдот и два дена подоцна, ќе помислевте дека станува збор за две различни приказни. Филаделфија воопшто не беше опција. 76ерсине веруваа дека имаат шанса да го доведат Леброн, но кога ростерот се промени почнавме да разговараме за кошарката, за тоа како би изгледал тимот и што е потребно за освојување на титулата“, изјави Пол.
Бостон на 1 јули го испрати Браун во редовите на големиот ривал во замена за Пол Џорџ, два избора од првата и два од втората рунда на драфтот. Со неговото доаѓање, Филаделфија формира моќен тим во кој веќе се Џоел Ембид, Тајрис Макси и младиот Еџекомб.
При објавувањето на својата одлука, Леброн истакна дека парите не биле пресудни, туку желбата повторно да се бори за шампионскиот прстен. Според Пол, токму засилениот ростер бил клучната причина Џејмс да ја избере Филаделфија за продолжување на кариерата.
