Познати учесниците во АБА плеј-офот, две екипи од Црна Гора и по една од Хрватска и Србија

Вчера официјално заврши регуларниот дел од сезоната во регионалната кошаркарска АБА лига. Веќе се познати термините за „плеј-офот“, кој почнува веќе в недела. Во полуфиналето ќе се сретнат Црвена звезда – Морнар и Будуќност – Цедевита, а првите натпревари се играат во Белград и Подгорица.

Реванш дуелите се закажани за 25 март во Бар и Загреб, а ако има потреба од мајсторка, терминот е 31 март на теренот на подобро пласираните Црвена звезда и Будуќност.

Финалето на плеј-офот се игра на три добиени натпревари, а првите два дуели се предвидени за 9 и 10 април. Третиот меч е закажан за 12 април, а ако се играат четврти и петти натпревар, термините се 13 и 15 април.

Црвена Звезда е бранител на титулата, а и оваа година победникот на АБА-лигата се стекнува со директно право за настап во Евролигата во сезоната 2018/19. Нашиот претставник МЗТ Скопје го освои последното место во регуларниот дел од Јадранската лига.