Познати учесниците на Ф8 на ЛШ на ФИБА, Шпанија доминира со три претставници

Симнати се сите дилеми и познати се имињата на сите осум учесници на завршниот турнир од ФИБА Лигата на шампионите. По одогруваето на послендито круг од натпреварите во ТОП 16 фазата, своето учесно на „фајнал-ејт“ турнирот го потврди и екипата на Стразбур.

Листата на финалисти изгледа вака: Касадемонт Сарагоза (Шпанија), Нимбурк (Чешка), Хапоел Холон (Израел), Сан Пабло Бургос (Шпанија), Тенерифе (Шпанија), Нижњи Новгород (Русија), Пинар Каршијака (Турција), Стразбур (Франција);

Четвртфиналните средби ќе се играат на 5 и 6 мај, полуфиналните на 7 мај, додека мечот за третото место и големото финале се предвидени за 9 мај.

Многу брзо ФИБА ќе го објави и градот домаќин на завршниот турнир од Лигата на шампионите како и комплетниот распоред на одигрување на натпреварите.