Познати термините за Ф4 турнирот, ЦСКА и Ефес ќе го отворат спектаклот во Келн

Келн

Евролигашката сезона се наоѓа на самиот крај. Останува само да се одигра завршниот турнир, кој ќе биде организиран во „Ланксес Арена“ во Келн.

На крајот од мај ќе го имаме новиот европски шампион. Во трката за титула се ЦСКА Москва, Анадолу Ефес, Армани Милано и Барселона.

Календар на фајнл-фор турнирот во Евролигата

Петок 28 мај 2021 година, 18:00 часот 

  • ЦСКА МОСКВА - АНАДОЛУ ЕФЕС

Петок 28 мај, 2021 година, 21:00 часот

  • БАРСЕЛОНА - АРМАНИ МИЛАНО

Недела 30 Мај, 2021 година, 17:30 часот

  • НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО

Недела 30 мај, 2021 година, 20:30 часот

  • ГОЛЕМО ФИНАЛЕ

Титулата ја брани екипата на ЦСКА, која по осми пат се радуваше во сезоната 2019/20. Минатата година натпреварувањето беше прекинато поради пандемијата со коронавирусот.