Познати термините од финалната серија меѓу МЗТ Скопје и ТФТ! 

Екипите на МЗТ Скопје и ТФТ во плеј-офот го потврдија она што се очекуваше и заслужено ќе се борат за титулата во кошаркарскиот шампионат на Македонија.

Бранителот на титулата во полуфиналната серија лесно се справи со Куманово, додека ТФТ со „метла“ го елиминира најтрофејниот Работнички и за првпат во клупската историја стигнува до оваа фаза во домашното првенство.

Финалната серија започнува за два дена. На 22 мај финалистите ќе се одиграат првиот натпревар, а домаќин ќе биде МЗТ Скопје. Натпреварот се игра во СЦ „Јане Сандански“, со почеток од 19:30 часот. 

И вториот натпревар ќе се одигра на теренот на шампионот, на 26 мај, а три дена подоцна ТФТ за првпат ќе биде домаќин.  Евентуалниот четврти натпревар ќе се одигра во СРЦ „Кале“, на 2 јуни, а доколку серијата влезе во „мајсторка“, таа е закажана за на петти јуни.