• Зоран Мишевски

Со триумфот на репрезентацијата на Србија против Велика Британија, познати се и сите 32 учесника на претстојниот планетарен шампионат кој од 25 август до 10 септември ќе се одржи во три различни држави, односно во Јапонија, Индонезија и Филипини.
Извесно е дека ќе има четири дебитанти: Јужен Судан, Летонија, Грузија и Зеленортски Острови, а интересно е тоа што директен пласман имаат само два од трите домаќина: Јапонија и Филипини. Репрезентацијата на Индонезија не го исполни условот на ФИБА, да се пласира барем во четвртфиналето на Азискиот Куп и затоа нема да учествува на ова првенство. На Светскиот Куп нема да игра актуелниот планетарен вицешампион Аргентина што е најголема сензација во овие квалификации.
Африка:
Ангола, Зеленортски острови, Брег на Слоновата коска, Египет, Јужен Судан
Америка:
Бразил, Канада, Доминиканска Република, Мексико Порторико, САД, Венецуела
Азија:
Австралија, Кина, Иран, Јапонија, Либан, Нов Зеланд, Филипини
Европа:
Франција, Финска, Грузија, Германија, Грција, Италија, Летонија, Литванија, Црна Гора, Србија, Словенија, Шпанија
Ждрепката за Мундобаскетот ќе се одржи на 29 април во Манила, а засега е познато дека Соединетите Американски Држави ќе играат во група во Филипини, Словенија во Јапонија, а Канада во Индонезија, од комерцијални причини.
Репрезентациите ќе бидат поделени во осум групи по четири, а понатаму поминуваат првите две на табелата по што се формираат нови четири групи по четири селекции. Првопласираните две од овие групи одат во нокаут фазата, односно во четвртфиналето.