Познати седум четврфиналисти во Еврокупот, Партизан - Уникс највозбудлив пар

Крајот на шестото коло од ТОП 16 фазата во Еврокупот. значеше и детерминирање на двојките за онаа наредната, четвртфиналната. Засега седум екипи останаа во битката за две места, оние во големото финале, преку кои се стигнува до главната награда – Евролигата.

Последниот осми четвртфиналист ќе биде познат по одигрувањето на средбата Дарушафака - Виртус Болоња, која се игра вечерва, на неутрален терен во Белград. Победникот од тој дуел ќе го освои второто место во групата Е и за противник во четвртфиналната серија ќе го има тимот на Монако.

Четвртфинале: 
Партизан – Уникс
Промитеас – Тофаш
Монако – Дарушафака/Виртус Болоња
Уникаха – Умана Рејер Венеција
* Се игра според системот „подобар во три натпревари

Четвртфиналните натпревари во Еврокупот се закажани за периодот од 17 до 25 март.