• Иван Димовски

Челниците на јадранската втора лига ги потврдија датумите и саатниците за натпреварите од третиот „балон“ во рамките на АБА2 лигата.
Уште на стартот во Сараево силите ќе ги одмерат МЗТ Скопје и Работнички, во првото историско јадранско „вечно“ дерби. Дуелот ќе биде одигран на трети март во утрински термин со почеток од 11:00 часот.
Во наредната рунда МЗТ на петти март ќе игра со Ловќен точно напладне, додека Работнички против Сутјеска ќе се пресмета од 16:00 часот. Последните трети дуели во Сараево македонските екипи ќе ги играат на седми март. Работнички ќе се пресмета со Широки Бријег во меч кој стартува во 12:00 часот, додека од 16:00 следи дуелот на МЗТ и Младост од Земун.
По седум одиграни кола, со скор (4-3), МЗТ Скопје Аеродром е на делба на четвртото место, додека Работнички ја дели позицијата 10, со скор (2-5), колку што имаат уште три екипи во оваа конкуренција.