Познати оценките на најновата „NBA 2K20“, Леброн и Каваи на врвот

НБА

Оценките на кошаркарите на популарната видео игра „NBA 2K20“ секогаш се дел од разговорите меѓу навивачите, но и меѓу самите кошаркари.

Како и минатата година, Леброн Џејмс со рејтинг 97 се наоѓа на врвот. Овојпат друштво му прави Каваи Ленард кој го дели првото место. Меѓу првите пет има место уште и за Јанис Антетокумбо, Кевин Дурант и Џејмс Харден (96).

Со оценка 95 следува Стеф Кари, новиот играч на ЛА Лејкерс, Ентони Дејвис, има 94 и е најдобриот центар во лигата, а по него во Топ 10 следуваат Пол Џорџ (93), Дејмиан Лилард (92 и Џоел Ембид (91), колку што има и Кајри Ирвинг.

Србинот Никола Јокиќ направи огромен скок и со рејтинг 90 ја дели 12-та позиција со Расел Вестбрук.