Познати групите за плеј-оф фазата на ФИБА Лигата на шампионите

„Куќата на кошарката-Патрик Бауман“ во Мие денес уште еднаш беше во центарот на вниманието на кошаркарската јавност во Есропа.

На посебна церемонија беа формирани четирите натпреварувачки групи за т.н. „плеј-оф“ фаза од ФИБА Лигата на шампионите.

Таа посака екипата на Игокеа, единствената од овие простори, односно учесник во АБА лигата, да добие една навистина тешка група во која освен актуелниот бранител на трофејот, екипата на Сан Пабло Бургос, е уште и една екипа од Шпанија, Тенерифе, како и екипата на ВЕФ Рига од Летонија.

Првото коло од новата фаза ќе се игра на 2 и 3 март, а ќе биде завршена на 6 односно 7  април. Сите екипи ќе одиграат по шест натпревари. според „раунд-робин“ системот (дома-гости).

Првопласираните две екипи од четирите групи, ќе се пласираат на „Фајнал-eјт“ турнирот кој ќе се игра во првата недела на мај, во место кое дополнително ќе биде одредено. Односно откако ќе бидат познати сите осум-екипи учесници.

Плеј-оф на ФИБА Лигата на шампионите 2020/21:
Група И: 

Бриндизи, Пинар Каршијака, Тофаш, Хапоел Холон
Група Ј: 
ВЕФ Рига, Игокеа, Сан Пабло Бургос, Тенерифе
Група К: 
АЕК, Нижни Новгород, Турк Телеком, Стразбур
Група Л: 
Нимбурк, Динамо Сасари, Сарагоса, Бросе Бамберг

На посебна ждрепка ќе бидат одредени четвртфиналните двојки, односно целиот костур на финалниот турнир.