Познати двојките за Ф4 на Лигата на шампионите на ФИБА, завршниот турнир во Атина

Главниот град на Грција, Атина од 4 до 6 мај ќе биде домаќин на завршниот турнир на Лигата на шампионите на ФИБА, натпреварување кое напоредно се одржува со Евролигата. „ОАКА Арената“ ќе го даде наследникот на Тенерифе, кој минатата сезона во финалето го совлада турскиот Банвит.

Атински АЕК е во улога на организатор и фаворит за трофејот, а на патот му стојат францускиот Монако, шпанската Мурсија и Лудвисбург од Германија

По вчерашната ждрепка во полуфиналето ќе се сретнат: Лудвинсбург - АЕК и Монако - Мурсија. Наградниот фонд за победникот изнесува еден милион евра.