Познати четвртфиналните парови на женскиот плеј-оф, Баскет Кам 2011 фаворит за титулата

Екипата на Баскет Кам 2011, една од најдобрите во изминатите неколку сезони, ги дочекува натпреварите од плеј-офот, од најдобрата, од првата стартна позиција. Кошаркарките од Македонска Каменица го добија дерби дуелот од 14. коло од регуларниот дел од сезоната. Беа подобри од Вардар, на гостувањето во „Кале“ и славеа со 65-73.

Гостинките славеа со голем пресврт, кој го направија во последната четвртина, во која влегоа со негатива од четири поени (58-62). На противникот му дозволија да постигне само три поени, доволни за дванаесетта победа во четиринаесет одиграни натпревари.

Дури четири кошаркарки на Баскет Кам 2011 го завршија натпреварот со двоцифрен број на поени. По 17 дадоа Марија Николов и Елена Тасевска, свои минути имаа и Сања Адамоска која заврши со 16 поени, на кои додаде за бек, изворедни 14 скока, плус и шест асистенции,  и Сара Максимовска која дополни со десет поени.

Малку поразлично беа поделени поените кај Вардар, каде во преден план е учинокот на најискусната Славица Наков, која постигна 24 поени, а имаше и девет скока, шест освоени топки и пет асистенции, и најмладата, Ања Начевска, која, пак, својата добра игра ја заокружи со реализација на 20 поени, четири скока и по две асистенции и блокади.

Дуелот кој одлучуваше која екипа ќе заврши на петтото место во кој се сретнаа екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Струга 2009 им припадна на новите освојувачки на Купот. Славеа девојките во „сино-бела“ комбинација со сигурни 75-61, кои ќе тргнат во битките за вториот трофеј во оваа сезона токму со четвртфиналната серија против екипата на Вардар.

Кошаркарките на Бадел 1862 беа подобри од Гризли, и ќе стартувата од втората позиција во плеј-офот Но, претходно, согласно со системот за натпреварување, ќе се одиграат и две бараж-серии во кои ќе играат седо односно осмопласираната екипа од Првата А, односно прво и второпласираните екипи од групата Б. Според системот „подобар во три натпревари“, овие четири екипи ќе одлучат кои две од нив ќе играат во плеј-офот за шампионската титула.

Овие натпревари ќе се играат на 25 односно 29 март, а ако биде потребна „мајсторка“, таа е превидена да се игра на прво април, на теренот на подоброрангираните екипи (Гризли и Пробаскет).

Прва А лига (ж)
14. коло

Крива Паланка – Пробаскет     83:38
МЗТ Скопје Аеродром – Струга 2009            75:61
Гризли – Бадел 1862       43:68
Вардар – Баскет Кам 2011        65:73

Бараж натпревари:
(25 март, 29 март, 1 април*)

Пробаскет – Патриот 2016
Гризли – Шкупи
*ако биде потребно

Плеј-оф
Четвртфинале:

Баскет Кам 2011 – Пробаскет/Патриот 2016
Бадел 1862 – Гризли/Шкупи
Крива Паланка – Струга 2009
Вардар – МЗТ Скопје Аеродром

Доигрувањето за шампионската титула ќе стартува на осми април.