Позната е причината за трагичната смрт на ѕвездата на Мемфис Гризлис

Кошаркарот на Мемфис Гризлис, Брендон Кларк, почина во мај годинава на 29-годишна возраст, а сега се откриени и деталите од медицинскиот извештај за неговата смрт. Според канцеларијата на медицинскиот истражител на округот Лос Анџелес, Кларк починал како последица на комбинираното дејство на хероин и кокаин, а смртта е класифицирана како несреќен случај.

Кларк бил пронајден без свест во спалната соба на 11 мај, а лекарите констатирале смрт во 17:15 часот. Во извештајот како дополнителен фактор се наведуваат и ефектите од повеќе лекови добиени на рецепт.

Кларк целата своја седумгодишна НБА кариера ја мина во дресот на Мемфис, откако беше избран на драфтот во 2019 година. Во дебитантската сезона остави одличен впечаток и заврши четврти во гласањето за руки на годината, но подоцна кариерата му беше отежната од серија повреди.