• Иван Димовски
Кошаркарската репрентација на Словенија ќе настапи на квалификациски турнир за Олимписките игри во Пиреја против селекциите на Нов Зеланд и Хрватска.
Поради тоа, словенечкиот селектор Александар Секулиќ го објави списокот на повикани играчи за битката за настап во Париз. Поради повреда на Словенија нема да ѝ биде од помош Јака Блажиќ. Искусниот ас на Цедевита веќе некое време е повреден и нема да може да игра. Од друга страна, останатите носители на играта ќе бидет тука, а на списокот е и Лука Дончиќ.
- Список на кошаркари на Словенија за квалификациите за ОИ:
Лука Дончиќ, Миха Цервеник, Жига Димец, Зоран Драгиќ, Грегор Хорват, Тибор Миртиќ, Едо Муриќ, Алексеј Николиќ, Бине Препелиќ, Клемен Препелиќ, Леон Стергар, Мајк Тоби, Влатко Чанчар, Јан Шпан, Лука Шчука
Квалификациите за настап на Олимписките игри се закажани за почетокот на месец јули, а останува да се види дали Лука Дончиќ ќе биде во можност да игра. Во моментов првата ѕвезда на Словенија е среде финална серија со својот Далас во НБА лигата, па доколку неговата здравствена состојба е добра, Дончиќ ќе заигра во квалификациите.