Познат системот и термините по кои Македонија ќе настапи на претквалификациите за СП

Откако не обезбедија учество на следното Европско првенство селекциите на Австрија, Данска, Летонија, Црна Гора, Македонија, Романија, Шведска и Швајцарија своите мисли ќе ги насочат кон Светското првенство во 2023 година, а таа мисија ќе ја започнат од второто коло на Европските претквалификации, кои треба да се одржат во август 2021 година.

Овие дванесет национални тимови ќе се натпреваруваат во четири групи од по три екипи за вкупно осум места на пласман на европските квалификации за Светскиот Куп. Место во регуларниот дел од квалификациите ќе изборат најдобрите две нации од секоја група. ФИБА ги утврди датумите и распоредот на натпреварите, и ждрепката на групите, која ќе биде реализирана на крајот на март.

Натпреварите од овие претквалификации ќе се играат во периодот од 11 август, кога на програмата е првото претквалификациско коло, сè до 28. август, кога по завршивањњето на шестот, ќе бидат познати осумте учесници во квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година. Главните квалификации за планетарниот собир ќе започнат во ноември.

Засега останува непознато, дали ќе се игра според „робин системот,( секој со секого, по шест мечеви) или пак во т.н. „балони“, како што беа реализирани последните два „прозорци“ од квалификациите за Евробаскетот 2022.    

Светскиот шампионат за првпат од постоењето, ќе се игра во повеќе различни држави во светот, односно во Индонезија, Филипини и Јапонија.

Распоред на натпреварите: 
(ако се играат поединечни натпревари, дома-гости)
1. коло – 11 август
2. коло – 14 август
3. коло – 18 август 
4. коло – 21 август
5. коло – 25 август
6. коло – 28 август