• Зоран Мишевски
Познат е распоредот на натпревари во новата сезона на Евролигата. Новата европска кошаркарска трка ќе започне на 24 септември. Во првото коло ќе се одиграат десет натпревари, а актуелниот шампион Олимпијакос гостува кај Басконија.
Прво коло
24 и 25 септември:
Црвена звезда – Жалгирис
Дубаи – Реал Мадрид
Хапоел Тел Авив – Баерн Минхен
Барселона – Анадолу Ефес
Басконија – Олимпијакос
АСВЕЛ – Макаби Тел Авив
Панатинаикос – Париз
Бешикташ – Валенсија
Фенербахче – Виртус Болоња
Партизан – Армани Милано
Во натпреварувањето повторно ќе учествуваат 20 екипи, кои во регуларниот дел ќе одиграат по 38 натпревари. Најдобрите шест тима директно ќе обезбедат место во четвртфиналето, додека екипите од седмото до десеттото место ќе играат во плеј-ин фазата.