Познат АБА-календарот: Морнар и Цибона ќе ја отворат сезоната

Кошаркарите на Морнар и Цибона в петок на 24 септември ќе го одиграат првиот натпревар во новата сезона во АБА лигата.

Актуелниот шампион на регионaлното натпреварување, Црвена Звезда ја отвора сезоната дома против Сплит, исто така на 24 септември во 20:00 часот, додека кошаркарите на Партизан ќе гостуваат кај Задар во првиот дуел оваа сезона на 27 септември во 18:00 часот.

На почетокот на сезоната, Мега го пречекува Студентски центар (26 септември, 12:00 часот), Борац од Чачак ја отвора втората сезона во АБА лигата со дуел во Лакташи, в сабота на 25 септември, против Игокеа, додека ФМП ќе гостува тимот на Будуќност еден ден подоцна, во 19:00 часот

Веќе во второто коло на програмата ќе биде дуелот помеѓу Црвена Звезда и Будуќност во Белград, што ќе биде реприза на минатогодишното финале. Првото „вечно“ дерби помеѓу Црвена Звезда и Партизан ќе се одигра во рамките на осмото коло кон средината на ноември.