Пожега пресилна за кошаркарките на Бадел 1862

Кошаркарките на Бадел 1862 запишаа уште еден пораз во женската Јадранска лига. На својот трет настап пред својата публика во салата „Независна Македонија“ вечерва се поразени од екипата на Пожега со 60-84.

Победникот на вечерашниот дуел во Скопје го одлучи првата четвртина. Гостинките од Хрватска направија двојна предност. Во продолжението, играта беше далеку рамноправна. И се доби впечаток дека со секоја одмината минута „баделки“ полека се пронаоѓаат себеси. Сепак, Пожега го доби првото полувреме со уште поубедливо водство (26-43).

Домашните кошаркарки немаа намера да се предадат. Заиграа многу подбро и во третата четвртина надополнија добар дел од минусот. Ја добија со 19-13, за достижни 45-56 и најавија дека во онаа последната ќе атакуваат и на уште некоја, пониска разлика, па дури и пресврт. Трајчевска и Матие со по десет реализации беше „двоцифрените“ кај нашиот претставник во тие триесет минути од средбата. Но, тоа не се случои, па Бадел 1862 сега е на скор од една победа и три порази, интересно сите три на домашен паркет.

Следниот, петти натпревар во сезоната, кој е дел од групата Б, македонскиот вицешампион го игра на 27 октомври во Белград против екипата на Партизан.