• Иван Димовски
Тајрис Халибартон потврди дека целосно се опоравил од тешката повреда на „Ахиловата тетива“ и е подготвен да се врати на терените со Индијана Пејсерс во новата сезона на НБА-лигата. Американскиот плејмејкер имаше јасна порака до навивачите.
„Видов неколку вести кои се повикуваат на одредени извори дека ќе бидам подготвен... Јас сум изворот. Здрав сум. Одлично се чувствувам. Веќе почнав да играм и редовно да тренирам, така што навистина се чувствувам одлично. Ќе бидам подготвен за новата сезона. Доколку сезоната започне денес, јас би бил подготвен. Едноставно, едвај чекам“, изјави Халибартон.
Халибартон се повреди во седмиот натпревар од финалето на НБА-лигата во 2025 година против Оклахома Сити Тандер, по што ја пропушти целата сезона 2025/26.
Пред повредата беше еден од клучните играчи на Пејсерс, со просек од 18,2 поени и 9,2 асистенции по натпревар.
