• Горан Упале

Кевин Дурент ги прескока првите две пријателски средби на кошаркарската репрезентација на Соединетите Американски Држави во Абу Даби, против Австралија (98-92) и Србија (105-79), но сепак ќе биде подготвен за првиот натпревар на Олимписките игри, против избраниците на Светислав Пешиќ.
Славниот американски кошаркар заздравува од повредата на потколеницата и ќе игра за Соединетите Американски Држави на Олимписките игри во Париз.
Денеска во Лондон, Дурант почна да тренира заедно со остатокот од тимот, а снимките од тренингот на тимот на тренерот Стив Кер покажаа дека повредата на потколеницата на кошаркарот на Феникс е минато.
Дуелот на Соединетите Американски Држави и Србија, кој ќе биде во рамки од првото коло од групната фаза, е закажан за на 28 јули од 17:00 часот во Лил.