Поветкин суспендиран на неодредено време, следи крај на кариерата?

Некогашниот олимписки шампион во бокс од Олимписките игри во Атина, Александар Поветкин е суспендиран на неодредено време и парично ќе мора да ја наполни касата на светската боксерска федерација со 250.000 долари, откако и вториот примерок на допинг тестот се покажа како позитивен на мелдониум.

29-годишниот Поветкин најваеројатно ќе ја заврши кариерата со освоени светска и европска титула и со фантастичен скор на победи и порази. Минатата година пред борбата против Вилдер, Русинот падна на допинг тестот и од таа борба повеќе не се појави во рингот.

Боксерот и натаму мудро молчи, но во кулоарите блиски до него се наведува дека размислува на кариера по завршувањето на боксерската кариера.