Повеќе од заслужено: Педро Мартинез е прогласен за најдобар тренер во Евролигата

Тренерот на Валесија, Педро Мартинез, е прогласен за најдобар тренер во Евролигата за сезоната 2025/2026. Со Валенсија, во регуларниот дел од сезоната, тој го освои второто место, зад Олимпијакос, и тимот кој офанзивно е најдобар во лигата (90,5 поени по натпревар) е и лидер во неколку статистички категории.

Мартинез ја направи Валенсија тим кој игра најатрактивна кошарка, и покрај нејзиниот скромен буџет во споредба со остатокот од натпреварувањето. Таков е впечатокот на повеќето фанови на европската кошарка. 

Мартинез е четвртиот Шпанец кој ја добива наградата „Александар Гомељски“, по Пабло Лас, Чус Матео и Чави Пасквал.