• Саше Љолес

Најдобриот српски кошаркар, Никола Јокиќ, ѝ се приклучи на репрезентацијата на подготовките за Олимписките игри во Париз. Селекторот Светислав Пешиќ изрази задоволство од неговото присуство и е среќен што Србија ќе ја има на располагање ѕвездата на Денвер Нагетс.
Долго се шпекулираше дали Јокиќ ќе заигра за својата земја на Олимписките игри, но тој денес ги разреши сите дилеми и се приклучи на своите соиграчи. Пешиќ во моментов го нема на располагање само Никола Јовиќ, кој заздравува од повреда, а сите останати ќе бидат во „погон“ и ќе се обидат да извлечат добар резултат во главниот град на Франција.
Stigao je i najbolji košarkaš na svetu! #Jokic pic.twitter.com/Y7l6ybsyxK
— B92 Sport (@b92sport) June 24, 2024
Српската репрезентација ќе има пеколна задача уште во групната фаза, каде за противник ќе ја има селекцијата на Соединетите Американски Држави, a во оваа група ќе се натпреваруваат уште Јужен Судан и победникот од квалификацискиот турнир во Порторико.
„Орлите“ на Светислав Пешиќ се вбројуваат меѓу главните кандидати за највисок пласман, веднаш зад „дрим-тимот“ на САД