Потврдени осумте учесници во Првата женска кошаркарска лига

Кошаркарската федерација на Македонија го објави составот на женската Прва лига за натпреварувачката сезона 2026/27. По усвојувањето на жалбите од Арбитражната комисија и завршената процедура за лиценцирање, Комисијата утврди дека осум клубови ги исполнуваат условите за настап.

Во елитното женско кошаркарско друштво ќе играат Крива Паланка, Бадел 1862, Баскет Кам, Вардар, Пробаскет, МЗТ Скопје Аеродром, Патриот 2016 и Гевгелија.

Составот е утврден според конечниот пласман од минатата сезона, спортски стекнатите права и исполнувањето на сите услови од процедурата за лиценцирање, вклучително и финансиската дисциплина. Нов член во највисокиот ранг е Гевгелија, која во сезоната 2025/26 ја освои Втората лига и со тоа обезбеди директна промоција во Првата лига-жени.

Од КФМ информираат дека и во текот на сезоната ќе се следи исполнувањето на условите за настап, а во случај на нивно прекршување ќе се постапува согласно важечките прописи и акти на Федерацијата. Со тоа, осум екипи се подготвуваат за новата сезона во македонската женска кошаркарска елита.