Потврдени лошите вести: Џон Вол ја пропушта цела НБА сезона!

Џон Вол

Плејмејкерот на Вашингтон Визардс, Џон Вол, ја повреди Ахиловата тетива и поради тоа му беше предвидена голема пауза.

Тренерот на тимот вчера ги потврди лошите вести за навивачите. Ѕвездата на „волшебниците“ нема да се појави на терените во претсојната сезона и повторно ќе заигра кошарка дури наредната година.

Тимот на Вол најавува негов кам-бек дури кога ќе биде 100% подготвен и без ризик за нова повреда.

29-годишникот е петкратен учесник на „Ол-стар“ натпреварот, а е избран како прв пик на драфтот во 2009 година, од универзитетот Кентаки.