Потврден трансферот: Сарагоза се пофали со Џејкоб Вајли

Вајли

Македонскиот репрезентативец Џејкоб Вајли денес и офивијално беше потврден како нов член на екипата на Сарагоза.

По одличните настапи на квалификацискиот турнир во Перм, американскиот интернационалец ја замени Гран Канарија, но остана во шпанскиот шампионат. 26-годишникот во новиот тим ќе игра до крајот на сезоната како позајмен кошаркар.

На 18 меча за Гран Канарија, Вајли постигна просек од 10,2 поени и 4,6 скока.

Американецот беше еден од најдобрите во дресот на Македонија, која за жал беше блиску, но на крај не успеа во намерата да избори пласман на Евробаскетот 2022.