Потврден „шарениот“ тим за Кина: Македонија ќе ја претставуваат Американци и Ратко Варда

На 12 јуни комбиниран состав, од седум млади македонски кошаркари и четири aмерикански играчи, потенцијални кандидати за добивање на македонски пасош ќе отпатува на кошаркарски турнир вo Кина, како дел од соработката меѓу кошаркарските федерации на двете земји. На турнирот, кој ќе трае до 24 јуни, ќе учествуваат уште седум екипи: домаќинот Кина, САД, Литванија, Јапонија, Иран, Белорусија и Нов Зеланд

Турнирот во Кина е од голема важност за стручниот Штаб и претставува можност да се одиграат натпревари против квалитетни и силни репрезентации. Во Кина ќе заминат седум потенцијални и млади репрезентативци (Младеновски, Мекиќ, Сапунџиев, Стаиќ, Пајиќ, Главчев и Дујковиќ). Тимот ќе биде засилен и со четворицата Американци кои се во комбинација за добивање на македонски пасош и искусниот Ратко Варда, кој ќе биде од голема помош на селекторот во работата со нашите млади центри, на кои им фали искуство.

Соработката со Кинеската Кошаркарска Федерација е од големо значење за нашата кошарка смета МКФ, а во следните години голем број на активности ќе бидат спроведени, со цел промовирање на следното Светско првенство кое ќе се одржи во оваа земја.