• Зоран Мишевски
Голем потрес ја погоди турската репрезентативна кошарка, непосредно пред продолжувањето на квалификациите за Евробаскетот во 2022 година. Кошаркарскиот сојуз на Турција објави дека Уфук Сариџа повеќе не е селектор на националниот тим.
Без да ги наведат причините за разделбата од сојузот соопштија само дека е раскинат договорот со Сариџа.
„Им благодариме на селекторот Сариџа и неговиот клуб Пинар Каршијака за соработката во изминатиот период“, се наведува во соопштението.
На претстојните квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство, против Хрватска и Холандија на 27 и 29 ноември, Турција од клупата ќе ја предводи Орхан Ене.