Потпиша за руски клуб, го избркаа од репрезентација, па им испрати порака!

Францускиот кошаркар Томас Ертел се најде на удар затоа што реши кариерата да ја продолжи во Русија и според правилата на „триколорите“ тој во иднина нема да може да игра за националниот тим.

Иако дал ветување дека неговиот трансфер во Русија е само шпекулација, Ертел по настапот на Европското првенство веднаш замина во земјата која е под санкции поради воениот конфликт со Украина и потпиша со Зенит. Тоа автоматски значи дека тој нема да може да игра за Франција.

„Имам нешто да им порачам на луѓето кои ми праќаат секакви пораки и ја критикуваат мојата одлука да дојдам во Русија. Ме з*боле мислењето, престанете да го трошите вашето време и најдете си свој живот“, порача Ертел.

33-годишниот плејмејкер има повеќе медали со Франција, но нема да може да игра на Летните Олимписки Игри во 2024 година во Париз.