Потег за кој зборува цела НБА лига: Еве зошто Дончиќ има статус на суперѕвезда (ВИДЕО)

Лука Дончиќ

Лука Дончиќ е човекот за кој зборува цела НБА лига. Плејмејкерот на Далас Маверикс со еден потег го одлучи дуелот со ЛА Лејкерс на домашен терен.

Ниту против шампионот не затрепери раката на Словенецот, кој погоди феноменална тројка од голема далечина и стави печат на победата на својата екипа.

  • Тројката на Дончиќ за победа:

По овие три поени на Дончиќ, шампионската екипа од Лос Анџелес беше на недостижни десет поени и се помири со поразот во Тексас.

Кошаркарот на Далас поврза уште и тринаесет асистенции и осум скока, со што само покажа дека важи за една од најголемите ѕвезди во НБА лигата.