Потег вреден победа: Еве како Монеке ѝ „пресуди“ на Црвена Звезда (ВИДЕО)

Кошаркарите на Црвена Звезда претрпеа пораз на гостувањето кај Басконија со 87-85 во рамките на 13. коло од Евролигата. Големата драма на крајот заврши со триумф на домаќинот во Виториа Гастеиц. 

Моментот кој го одбележа финишот беше дело на Чима Монеке. На секунда и две стотинки до крајот, Нигериецот имаше две слободни фрлања при резултатот 87-85. Откако го промаши првото, намерно го промаши и второто удирајќи во обрачот. Топката му се врати во рацете и времето истече. 

Навивачите на Црвена Звезда беа лути за тој потег, ама Басконија ја исполни целта и победи.