Потег на векот во босанската лига: Му се пикна под нозе и постигна поени (ВИДЕО)

Можеби босанската кошаркарска лига не е најатрактивна во Европа, но од таму стигнува еден навистина интересен момент кој се случи на натпреварот помеѓу Орловик и Босна. 

Орловик од Зепча славеше со 99-92, но во текот на натпреватот се случи еден навистина интересен и несекојдневен момент, кој не ги остави рамнодушни сите присутни во салата. Кошаркарот Анес Подојак организираше напад на својот тим и во еден момент реши да мине под нозете на својот чувар, а потоа успеа и да постигне поени. Публиката стана на нозе и со овации го поздрави овој потег, кој најверојатно не е виден скоро никаде во светот. 

Овој маестрален потег најверојатно би бил карактеристичен за некој Ол-Стар или егзибициски натпревар, но на 22-годишниот Подојак тоа му појде од рака на обичен првенствен натпревар од најсилното босанско кошаркарско првенство. Со победата над Босна, тимот на Орловик се искачи на второто место на табелата и е веднаш зад лидерот, Борац од Бања Лука.