Последно странско засилување за Чаир, пристигна Американецот Далгер

Македонскиот прволигаш Чаир 2030 доведе уште едно засилување за остатокот од сезоната. Скопскиот тим се пофали со крилниот играч Тим Далгер, со што ја комплетираше квотата за странски играчи. 

Далгер доаѓа од американската кошаркарска лига НЦАА1, односно од престижниот колеџ Сент Луис. Неговата енергија и експлозивност беа повеќе од доволна причина за договорот со чаирчани, кои се подготвуваат за жестока битка во плеј-офот од Првата македонска лига. 

Во моментов Чаир има дванаесет победи и пет порази, и ја зазема петтата позиција на табелата. Новото засилување би требало да дебитира во следното коло, кога амбициозниот прволигаш ќе се сретне со Гостивар на домашен терен.