Последно коло од Евролигата: Теоретски, две места за плеј-офот сè уште се слободни

Црвена Звезда го игра последниот натпревар во неславната евролигашка сезона, в четврток од 20:00 часот во Берлин. Во борбата за ТОП-8 уште не се решени сите дилеми.

Сите квоти за последното коло од Евролигата

Црвена Звезда нема да се труди сезоната која е во заминување во Евролигата долго да ја памети. Промени неколку играчи, потоа и тренери, се бореше со корона вирусот, но не успеа да се бори за пласман во плеј-офот, кој беше желба пред стартот на натпреварувањето. Уште од порано, тимот го избегна последното место. Дојде до двоцифрен број на победи, а ако во четврток слави во Берлин против Алба (20:00 часот) со седум поени разлика, може да заврши на 16. место. Дури и минимална победа над германскиот тим може да ја подигне Звезда на табелата и тоа на 15-тото место. Првиот услов за тоа е Панатинаикос да загуби од Жалгирис во Каунас, а потоа Зенит и ЦСКА на домашен терен да ги победат атињаните во одложените натпревари.

Доколку има таков расплет, црвено-белите, Алба и ПАО ќе имаат ист број на бодови, но затоа што ги победија атињаните двапати, кои имаат 1-1 со берлинскиот клуб, белграѓани ќе го заземат 15 место, Алба ќе биде 16-та, а Панатинаикос 17-ти. Сепак, народски кажано, „прво скокни, па речи оп“. Така е и за Црвена Звезда која овој викенд непредвидливо беше слободна на Јадранот, затоа што гостувањето кај Цедевита Олимпија беше одложено поради позитивни кошаркари на ковид-19. Екипата од Мал Калемегдан треба прво да победи во Берлин, а потоа да се впушти во било какви математики. А, ако ѝ се верува на традицијата, тоа нема да биде лесно, затоа што Звезда со Алба има негативен скор во Евролигата (1-4), додека во двете гостувања во Берлин ја напушти салата со наведната глава.

Ништо помалку важен натпревар ја очекува и ЦСКА против Асвел (19:00). Доколку московјани, кои ги потресе кавгата меѓу тренерот Димитрис Итудис и кошаркарот Мајк Џејмс (суспендиран е и се бара начин да му се раскине договорот), победат, се близу до заверка на второто место на табелата пред плеј-офот. Но, ако кикснат со Французите, Анадолу Ефес со евентуален триумф ден подоцна во Милано во разигрувањето ќе тргне веднаш зад неприкосновената Барселона.

Големи возбудувања се очекуваат и во Истанбул каде Фенербахче го дочекува Реал Мадрид. Ако тимот на Игор Кокошков слави над актуелниот шампион (минатата сезона е прекината) би можела да ја освои четвртата позиција која гарантира предност на домашен терен. Услов е Ефес да ја победи Олимпија во Милано ден подоцна. И Реал посакува победа, не само за да се искачи позиција погоре на табелата, туку и да ги расчисти сите дилеми околу учеството во плеј-офот, затоа што ако резултатски потоне на Босфорот би можел за првпат да остане без плеј-оф во евролигата по 2012 година. А тоа може да се случи ако Басконија победи кај Валенсија (четврток, 21:00 часот), а Зенит победи со Макаби во петок и исто така го добие одложениот меч со Панатинаикос.

За Басконија, пак, ако екипата од Санкт Петербург извлече половичен учинок во последните два меча, а Реал од Истанбул се врати со песна, ниту победа над Валенсија не ги отвора портите на четвртфиналето, затоа што за два поени се полоши во меѓусебните пресметки со Зенит.

Накратко, патот до плеј-офот е многу долг...