Португалија премоќна за македонските кошаркарски кадетки

Женската кошаркарска репрезентација до 18 години со висок пораз од Португалија (94-27) го отвори Европското првенство (ЕП) Б-дивизија кое се игра во Софија.

  • Комплетниот натпревар меѓу Португалија У18 и Македонија У18:

Нашите кадетки на овој натпревар беа десеткувани, без неколку првотимки и никако не можеа да му дадат барем достоен отпор на далеку поквалитетниот ривал. Сите четири периода им припаднаа на Португалките, а најевидентна разликата беше во првиот и последниот (23-5 и 24-4).

Инес Бетенкур беше најефикасна кај Португалија со 22 поени, пред Ана Пињеро и Габриела Фалкао со по десет поени, додека кај Македонија, Марија Николов даде девет поени, пред Евгенија Танаскоска со пет поени.

Следниот дуел нашиот национален тим го игра утре (31 јули) против Луксембург од 17:30 часот.